ДОБРОДОЈДОВТЕ НА ВЕБ СТРАНИЦАТА
 
 
    
          
ТЕЛЕКОЛАБОРАТИВНИ ПРОЕКТИ

 
   
 

 

 
 
 
 
 
 
 

Телеколаборативни проекти - отварање нови можности и проширување на перспективите


 

Телеколаборативни Активности
 

Телеколаборативните проекти кои се идентификувани од страна на наставниците и директорите учесници на првата работилница во Велес се:

· Слободно време на учениците

Овој проект ќе се одвива според методологијата на Кругови на учење (Learning Circles) на македонски јазик на проектот „Глобален тинејџер проект“ (Global Teenager Project). Во овој проект ќе учествуваат наставници и ученици од сите училишта учесници на проектот. Секако дека, ако има заинтересирани, овие активности можат да се реализираат и на албански јазик. Платформата за работа во овој проект е D-grops на проектот „Глобален тинејџер проект“

· Проблеми во наставата

Проектот „Проблеми во наставата“ е проект кој ќе се одвива до крајот на април/почетокот на мај 2007 година. Во него наставниците и учениците ќе говорат за проблемите со кои се соочуваат во наставата и како сметаат дека тие проблеми можат да се надминат. Дискусиите ќе се одвиваат на форумите на образовниот портал на Македонија (www.schools.edu.mk) http://nastavnici.schools.edu.mk/e-school/mod/forum/discuss.php?d=1135 на македонски јазик. Исто така, дискусиите може да се одвиваат на албански јазик на форумите на образовниот портал на Македонија.

· Мојата земја Македонија

Проектот „Мојата земја Македонија “ исто ќе се реализира до крајот на април/почетокот на мај 2007 година. Во овој проект дискусиите ќе се на теми кои ќе ги утврдат учесниците на проектот во текот на октомври. За веќе во ноември да се започне со интеракцијата на учесниците. И во овој проект форумската дискусија ќе се случува на образовниот портал на Македонија (www.schools.edu.mk) на македонски јазик. Исто така, дискусиите може да се одвиваат на албански јазик на форумите на образовниот портал на Македонија.

 

Овозможено од великодушната поддршка на американскиот народ преку Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД), а во партнерство со Интерактивна Мрежа за Образование и Ресурси (ИМОР)